Целосна грижа за вашето орално здравје
(брзо и ефикасно)
За нас
Дент Артис е приватна стоматолошка установа која е основана во јуни 2000 година од страна на д-р Хузри Исмани.
Во самиот почеток во нашата ординација се обезбедуваше општа примарна стоматолошка дејност, во тек со времето и едукативно усовршување на стоматолошкиот тим, со следење на многу семинари и курсеви во земјава и надвор од неа, Дент Артис се развиваше и почна со примена на услуги и од повеќе специјализирани гранки на стоматолошката дејност, како што е оралната хирургија, имплантологија, современа фиксна протетика, ортодонција, итн.
Пациентот и неговото орално здравје се наш приоритет во Дент Артис, од почетокот со голема посветеност стоиме на располагање на нивните потреби и маки, и максимално се грижиме да им овозможиме најдобри безболни услуги, со користење на најсовремените техники и апарати.
Стоматолошкиот тим во Дент Артис се состои од доктори по општа стоматологија, специјалисти од различни гранки на стоматологија, медицински персонал, администратори и забни техничари, кои постојано се едуцираат со следење на различни семинари и курсеви за да бидат во чекор со иновативните методи и техники на современата стоматологија.
Дент Артис се наоѓа во Скопје, во општина Чаир, на самиот булевар “Христијан Тодоровски Карпош” број 98Б. Лесно пристапна од повеќе населби на градот и надвор од него.
Дент Артис сега е благодарна на сите пациенти кои ја посетиле нашата ординација, и секогаш ќе биде отворена за нивните потреби.
Работиме сите денови од неделата од 09:00 до 17:00. Викендите и празниците, ординацијата е затворена.